Исени веднаш стрелаше за Шкупи, во поразот од Челик (1-2)

Шкупи доживеа пораз од 1-2 од прволигашот од БиХ, Челик, во третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

Босанскиот тим по првото полувреме имаше предност од 0-2 со погодоците во 25. и во 45. минута.

По неколкуте промени во поставата од страна на Умит Каран, во второто полувреме Шкупи успеа да постигне погодок за конечни 1-2. По пеналот направен врз Омер Јашари, прецизен од белата точка во 70. минута беше Бесар Исени, кој денеска го официјализираше својот трансфер од Вардар во Шкупи.

Се вчитува...