Иско и Ковачиќ на „Стемфорд бриџ“ за Еден Азар да дојде во Реал Мадрид

Европскиот првак Реал Мадрид е подготвен да го испрати Иско Аларкон во Лондон и комплетно да го продаде Матео Ковачиќ на Челси, во обидот да дојде до белгискиот интернационалец Еден Азар. Клубот од „Стемфорд бриџ“ би добил и дополнителни 30 милиони фунти во пакетот.

Азар најави дека би можел да си замине од Челси по завршувањето на оваа сезона, а негова голема желба е да го облече дресот на Реал Мадрид. Но, трансферот воопшто не е лесен за реализација, со оглед дека има вредност од околу 130 милиони фунти. Реал Мадрид исто така подолг период се обидува да стигне до услугите на Белгиецот.

Азар од 2012 година е член на Челси. Оваа сезона одигра 17 натпревари за „сините“, постигна осум гола и забележа девет асистенции.

 

Се вчитува...