Иско и Варан подготвени за „Ел Класико“?

Зинедин Зидан доби позитивни вести пред гостувањето против Барселона, закажано за утре во 20.45 часот, откако Рафаел Варан и Иско се појавија на денешниот утрински тренинг и одработеа 100% со остатокот од тимот.

Информациите во последните денови велеа дека двајцата првотимци немаат шанси за настап на „Камп ноу“, но лекарскиот тим одлично си ја одработе задачата, па сега и Варан и Иско ќе атакуваат на место во стартниот тим против големиот ривал.

Барселона веќе ја осигура шампионската титула, па јасно е дека Зидан нема да ризикува доколку двајцата не се максимално подготвени за настап, со оглед на фактот дека нивната помош ќе биде драгоцена во битката со Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...