Иско ја одбил капитенската лента на Реал Мадрид

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ доживеа срамен пораз од ЦСКА Москва (0-3) во Лигата на шампионите, а се поочигледно е и дека односите во „кралскиот клуб “ не се најдобри, откако иско одби да ја земе капитенската лента.

Во отсуство на Серхио Рамос, капитен на овој меч беше Марсело. Бразилецот беше заменет во 74.минута и пред излегувањето му ја предаде капитенската лента на Иско, но тој ја одбил, па на крај таа заврши кај Карвахал.

„Се обидов да му ја дадам лентата на Иско, но тој ми рече да му ја дадам на Карвахал. Не знам која беше причината за тоа“ – изјави Марсело по натпреварот.

Во шпанските медиуми се појавија информации за поделеност и несогласувања во соблекувалната на Реал Мадрид. Иско е незадоволен откако Сантијаго Солари дојде на местото на Лопетеги а се појавија и шпекулации дека 26-годишниот фудбалер сака да си замине од Реал.

Се вчитува...