Иско ја помножи со нула понудата од Милан, Шпанецот не сака да чуе за заминување од Реал

Во изминатата сезона Иско воопшто не беше стандарден во првиот состав на Реал Мадрид под водство на Зинедин Зидан, подобро кажано речиси и да не играше. Сепак, со доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата, Шпанецот се надева дека ќе ја врати старата сјајна форма во дресот на „кралевите“.

Фудбалерот на „кралевите“ летово добил понуда од Милан за трансфер, но тој без размислување ја одбил. Наводно Реал Мадрид бил согласен да го ослободи за 25 милиони евра, но Иско не сака да си оди од клубот и има намера да се докаже повторно.

„Росонерите“ продолжуваат со потрагата по нови засилувања во средниот ред, каде моментално имаат најголеми проблеми, односно најмалку конкурентни фудбалери.

Се вчитува...