Иско: Кога играме со Атлетико Мадрид, стресот е на максимум

Реал Мадрид утревечер на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека градскиот ривал Атлетико Мадрид во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Овие два тима во последните неколку години одиграа епски натпревари во елитното европско клупско натпреварување. Финални пресметки, многу набој, стрес, нервоза, возбуда и навивачко исчекување.

isko real 99

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско Аларкон, знае дека и претстојниот полуфинален двомеч во ЛШ ќе биде од таков карактер.

„Кога ќе помислам на Атлетико Мадрид, првата карактеристика која ми доаѓа е стресот. Секогаш играме стресни натпревари, кога ќе помислам само на голот на Серхио Рамос во финалето на ЛШ, или на пеналите и последниот гол на Кристијано Роналдо, по кој сите трчавме како луди во прегратка, елиминирајќи го противникот. Нема сомнение, и сега не очекуваат многу тешки и неизвесни два натпревари со Атлетико Мадрид“, вели Иско.

Се вчитува...