Иско нема да го напушти Реал Мадрид во јануари

Шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон е незадоволен од статусот што го добива од тренерот Сантијаго Солари, но нема намера да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во зимскиот преоден рок. Се појавија шпекулации дека играчот за врска го заминал во Пари Сен Жермен во јануари како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот, а со тоа Реал Мадрид би отворил можност за ангажман на Нејмар или на Килијан Мбапе по завршувањето на сезоната.

Сепак, Иско ги демантираше овие гласини и истакна дека нема намера да си замине.

„Имам многу очекувања од новата 2019 година, нема да заминам во јануари. Многу сум среќен и сакам да продолжувам да победувам овде во Мадрид“, истакна Иско за „Deportes Quatro“.

Се вчитува...