Ископана и фрлена плочата на Куртоа на „Ванда Метрополитано“

Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид е херој на финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул. Тој со неговите девет одбрани успе да му го донесе трофејот на својот тим, а потоа го доживеа и најголемото понижување и тоа од својот екс клуб Атлетико Мадрид.

Очигледно е дека некој му замерил на Куртоа за изјавата дадена по финалниот меч, па се решил да се „пресмета“ со белгискиот голман на таков начин што ја откорнал плочата со негово име пред стадионот на Атлетико, Ванда Метрополитано.

„Сега сум на вистинската страна на историјата“, беа зборовите на Куртоа, а тоа и како тешко им падна на навивачите на Атлетико, со оглед дека Куртоа бранеше во првото загубено финале на Атлетико против Реал Мадрид во Лисабон.

Неколку часа пред немилиниот настан претседателот на Атлетико Енрике Керезо коментирајќи го овој случај кажа дека доколку некој сака да ја отстрани плочата од голманот пред стадионот, нека ја ископа, што на крајот и се случило.

Атлетико има пракса на секој играч со преку 100 настапи за клубот, да му направи плоча пред стадионот.

Се вчитува...