Напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне вчера јавно призна дека ја удрил топката со рака при постигнувањето на водечкиот гол за 1-0 на мечот против Лацио пред два дена. Младиот италијански голгетер истакна дека немал намера да ја удри топката, но со самото признание самиот играч западна во неволја бидејќи италијанската фудбалска федерација сега ќе отвори случај околу целата ситуација.
На Кутроне му се заканува суспензија доколку се докаже дека фудбалерот намерно ја удрил топката со раката, а одлуката ќе биде донесена во најскоро време откако детално ќе се прегледаат видео снимките. Казната може да биде два меча суспензија, а Кутроне би ги пропуштил гостувањата во Удинезе и Спал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА