Ислами и Ивановски меѓу континенталната атлетска елита на ЕП во Берлин

Европскиот атлетски шампионат почнува в понеделник. Во Берлин ќе се собере континенталната елита во „кралицата на спортовите“, а Македонија ќе ја претставуваат Дрита Ислами и Дарио Ивановски.

Дрита Ислами ќе се бори во нејзината стандардна дисциплина, 400 метри со пречки. Квалификациите се закажани за в вторник (07.август) во утринската програма. Најдобриот резултат на Ислами на оваа делница е 59.33 секунди од јуни минатата година. Годинава на 400 метри со пречки има резултат 60.68 секунди од Медитранските игри во Тарагона.

Дарио Ивановски пак на тартанот ќе се појави в среда наутро за кога се закажани квалификациските сесии во неговата дисциплина, 1500 метри. Младиот македонски  атлетичар е во добра форма, на игрите во Тарагона минатиот месец го постави најдоброто време на 1500 метри. 3.47.13 минути е неговиот најдобар личен резултат во оваа дисциплина.

Македонските атлетичари од викендов ќе бидат во Берлин. Првите дисциплини на шампинатот се в понеделник наутро, првата поделба на медали е во вторник попладне.

 

Се вчитува...