Ислами поднесе оставка на клупата на Ренова

Бујар Ислами не е повеќе шеф на стручниот штаб на Ренова.

По серијата лоши резултати на „гипсарите“ Ислами денеска официјално поднесе оставка на позицијата тренер во клубот.

„Ислами не е повеќе тренер на Ренова откако си даде отказ на позицијата шеф на стручен штаб. Му благодариме за досегашниот придонес за развој на тимот во изминативе 17 месеци, и за историскиот пласман во Лигата на Европа“ – соопштија од ФК Ренова.

Од Ренова најавуваат дека наредниве денови ќе биде именуван новиот тренер на клубот. Ова е дури четврта тренерска смена на прволигашката сцена, откако претходно стратезите ги променија и Шкупи, Академија Пандев и Беласица.

Се вчитува...