Ислами: Ренова со дисциплинирана игра ќе се обиде да го изненади Хајдук

Прволигашот Ренова ќе го пречека хрватскиот Хајдук во меч од второто коло од квалификациите во Лигата на Европа. Тренерот на тимот Бујар Ислами вели дека со дисциплинирана игра Ренова може да го изненади големиот фаворит.

„Хајдук е фаворит. Не треба многу зборови да се трошат за нивниот квалитет. За нас е многу важно психолошки да бидеме подготвени. Велам дека подготвени ќе го дочекаме мечот. Ние се подготвивме максимално, но ќе повторам дека најважен ќе биде психолошкиот аспект. Нашиот стил е напаѓачки и затоа очекувам и утре да прикажеме убав офанзивен фудбал, па на крајот нека победи подобриот. Нашата предност е што сме дисциплиниран тим и со добра игра ќе се обидеме да го изненадиме големиот фаворит“, вели Ислами. 

Натпреварот кој ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 15:30 часот.

Се вчитува...