Ислами: Силно верував во овие момци, ги казнивме Ерменците за самобендисаноста

Шефот на стручниот штаб на Ренова, Бујар Ислами не го криеше огромното задоволство по победата на неговиот тим на гостувањето против фаворизираниот Алашкерт и пласманот во следната рунда од квалификациите за Лига Европа.

„Гипсарите“ во Ереван триумфираа со 0-1 со голот на Ненад Мишковски во 58. минута продолжувајќи го своето европско лето.

„Мислам дека ги казнивме Ерменците за самобендисаноста пред овој натпревар. Во медиумите отворено потенцираа дека очекуваат лесен пласман во следното коло, што нас ни даде дополнителен мотив. Уште пред мечот силно верував во овие момци. Знаев дека колективниот дух е најсилното оружје на Ренова и заедно со квалитетот на терен не однесе во следната рунда натпревари на европската сцена“ – истакна по мечот Ислами, кој без сомнение е најзаслужниот за овој изглед на Ренова, творецот на овој тим на „гипсарите“ кој одличните изданија на домашната сцена сега ги пренесе и на европската.

Се вчитува...