Ислами: Судијата одигра клучна улога за резултатот, Ренова сезонава е оштетена за 6-7 бода

Шефот на стручниот штаб на Ренова, Бујар Ислами искажа отворено незадоволство од судењето на денешниот натпревар против Струга ТЛ во 12. коло од ПМФЛ на кој неговиот натпревар загуби со 1-0.

„Во првите 20 минути не бевме на ниво и Струга Трим Лум ја диктираше играта. После примениот погодок ние комплетно доминиравме и заслуживме најмалку бод. Не сакам, но морам да истакнам дека судијата одигра главна улога во конечниот резултат. Директни одлуки кои можеа да го сменат резултатот не беа досудени и навистина не знам што да кажам повеќе. Ренова, сезонава, оштетана е со 6-7 бодови од дискубатални или погрешни одлуки“ – изјави Ислами за ЕКИПА, веднаш по денешниот дуел во Струга.

Се вчитува...