Исланд 13 години не знаеше за пораз дома, но дојдоа Македонците…

Ракометарите на Исланд полни со оптимизам влегоа во синоќешниот дуел со Македонија, свесни дека против себе имаат ривал што го добија на неутрален терен пред само три месеци, но и убедени дека нивната сала „Лаугардалсхол“ ќе остане неосвоива тврдина за ривалите.

Македонија досега редеше само порази во оваа арена, во која исландските ракометари цели 13 години не знаеја за пораз. Поточно, последниот неуспех на еден официјален натпревар исландскиот состав го имаше во 2006 година кога загуби од Шведска. Оттогаш – само победи, се до вчера, кога во Рејкјавик славеа Македонците.

Триумфот е апсолутно заслужен, уште посладок ако се земе во предвид негативата од четири гола по првите десетина минути и покажаниот карактер, да се вратиш на гостински терен против моќен ривал и на крајот да триумфираш. Секако, останува обврската победата да биде потврдена и во Скопје, со што би се осигурало и првото место во групата од овие квалификации.

Се вчитува...