Исланд ја преслуша Црна Гора и остана во игра за полуфинале на ЕП

Ракометарите на Исланд го задржаа сонот за полуфинале на Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка, откако во последното коло од главната групна фаза ја совладаа Црна Гора со 34-24.

Дилемите околу победникот Исланѓаните ги решија уште во првото полувреме по кое имаа позитива од плус девет 17-8. Во вториот дел Црногорците заиграа за нијанса подобро, но и тоа не беше доволно да и се спротистават на исландската репрезентација која на крајот стигна до триумф од 34-24.

Магнусон со единаесет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број на погодоци заврши Милош Вујовиќ.

Исланд ќе се пласира во полуфиналето на Европското првенство само доколку вечерва во последниот меч од групната фаза Данска ја совлада Франција во дербито на рундата.

 

 

Се вчитува...