Исланд како Македонија – земја со 300.000 ракометни селектори

Исланд со победата над Португалија во минатото коло остана во игра за пласман во полуфиналето на ЕП 2020, а триумфот беше добра можност за стивнување на критиките на адреса на исландските ракометари по поразите од Унгарија и од Словенија.

„Убаво е да се знае дека се има голема поддршка кога доаѓањето од толку мала земја. Меѓу нас се шегуваме дека Исланд е единствена земја со 300.000 ракометни селектори, секој има свое мислење и е ракометен експерт на социјалните мрежи“, истакна искусниот Гудјон Валур Сигурдсон.

Крилото на Исланд очигледно не е запознаено со случувањата во Македонија, земја со околу еден милион ракометни селектори и експерти за социјални мрежи.

Се вчитува...