Исланд остана без најискусниот – Гудјон Валур Сигурдсон го пропушта СП

Капитенот на Исланд, Гудјон Валур Сигурдсон го пропушта настапот на СП во Германија и Данска. Искусното лево крило на Рајн Некар Левен се повреди на последниот контролен натпревар против Холандија  на турнирот во Норвешка, во завршната фаза од подготовките пред Мундијалот. Со оглед на искуството и одличната сезона што ја има 40-годишниот репрезентативец во дресот на Рајн Некар Левен, ова ќе биде голем хендикеп за „рибарите“.

„Секогаш е тешко кога мора да се соочиш со таков момент кога не миоже да игра еден од најдобрите. Тој е еден од најдобрите ракометари во светот. Играше извонредно на контролните натпревари во Норвешка и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за нас“ – изјави селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон на денешната прес-конгференција.

Во отсуство на Сигурдсон, левата крилна позиција во репрезентацијата на Исланд ќе ја пополнуваат Бјарки Мар Елисон и Стефан Рафн Сигурмансон.

Покрај Сигурдсон кој досега нема пропуштено ниеден настап со репрезентацијата на Исланд на големите натпреварувања во изминатите две децении, од составот во последен момент поради повреда отпадна и голманот Арон Рафн Едвардсон.

Исланд е последниот противник на Македонија во групата Б во Минхен во првата фаза на СП во Германија и Данска.

Исланд на СП во Германија ќе патува со 17 ракометари:

Се вчитува...