Исланд славеше против Португалија, Германците се мачеа но ја победија Белорусија

На вториот ден од Европското првенство 2022, во Групата Б денеска Исланд славеше против Португалија со 28-24.

Исланѓаните беа подобар противник од самиот почеток, па откако се стекнаа со предност од четири гола на полувремето потоа умешно ја одржуваа до крајот.

Во оваа група вчера Холандија приреди огромно изненадување со триумф над домаќинот Унгарија.

Германија, пак, се мачеше но успеа да славе против Белорусија со 33-29. Во оваа група Полска очекувано ја победи Австрија со 36-31.

Се вчитува...