Исландскиот селектор: Дојдовме да ви ја расипеме забавата!

Исландскиот селектор Арнар Видарсон низ максимално позитивно расположение пред македонските медиуми денеска на официјалната прес-конференција на арената „Тодор Проески“ во Скопје истакна дека тука се за да ја расипат забавата на Македонија и пласманот во баражот на СП 2022.

„Знаеме дека за вас ова е многу важен меч. Но, ние секогаш сме мотивирани кога играме против Македонија, затоа што сакаме секогаш да се покажеме во добро издание против селекција кога играла на Европско првенство. Ви посакуваме среќа утре, но ние сме тука за да ви ја расипеме забавата“ – истакна Видарсон.

Според предводникот на Исланѓаните, сите негови избраници се подготвени да го дадат максимумот.

„Сигурен сум дека сите во нашиот тим се мотивирани. Секој квалификациска натпревар за нас е важен, посебно сега кога формираме нов тим на млади играчи. Не е воопшто прашање дали имаме шанси за успех, туку единствено е важно да одиграме максимално. Според мене шансите на утрешниот натпревар се 50-50, затоа што Македонија има квалитети но има и свои маани кои ние ќе се обидеме да ги искористиме.“

По ремито со Романија во Букурешт пред два дена, кое за Македонија значеше шанса за Мундијал, Викарсон пред Романците истакна дека очекува да го частат пиво ако и откиен бодови на Македонија.

„Секако дека ќе испијам пиво по мечот, а дали ќе биде со Романци или со Македонци не е важно. Со пријатели секога е добро пиво“ – рече низ шега Видарсон.

Се вчитува...