Исландско навивачко шоу и во Москва (видео)

Исланд можеби е најмалата држава што учествува на овој мундијал, но навивачите на островската земја приредуваат вистинско шоу во Русија.

Доказ за тоа е и ова видео на некое над 10.000 исландски фанови се собраа пред стадионот „Откритије“ во Москва, за вистинска инвазија пред денешниот премиерен дуел со Аргентина.

Вообичаениот исландски навивачки ритуал делува импресивно и во Русија, како што беше тоа случај и пред две години на ЕВРО 2016 во Франција.

Се вчитува...