Испишува историја со Рајо: Столе Димитриевски е блиску до нов рекорд

Столе Димитриевски има извонредна сезона во дресот на Рајо Валјекано, откако македонскиот голман неодамна имаше уште еден меч без примен гол, вкупно 11. сезонава во Ла Лига со што нашиот репрезентативец го урна клупскиот рекорд на Контрерас за најмногу „чисти мрежи“ уште од сезоната 1996/97.

Димитриевски има вкупно 284 интервенции во последните три сезони на голот на Рајо, со што е трет најдобар голман во Ла Лига, а Македонецот е на добар пат до крајот на сезонава да урне уште еден рекорд. Столе досега има одиграно 184 натпревари во дресот на мадридскиот клуб и му недостигаат само уште три за да го мине Вилфред како голман со најмногу настапи за Рајо Валјекано.

Со оглед на фактот дека Димитриевски е незаменлив и кај новиот тренер, за очекување е и овој рекорд да падне и македонскиот репрезентативец да испише нова историја во овој шпански прволигаш.

Се уште е неизвесно дали Димитриевски ќе продолжи да ги брани боите на Рајо и по завршувањето на сезонава, ако се знае дека договорот му истекува на крајот на јуни, а сериозен интерес за Македонецот покажаа и неколку клуба од Ла Лига, но и надвор од Шпанија.

Се вчитува...