Исповед на Џордан: Цела соба беше полна со кокаин, марихуана и голи жени

Додека цел свет ја очекува премиерата на документарниот серијал посветен на Мајкл Џордан и Чикаго Булс „Последниот танц“. Легендарниот кошаркар во интервју за американските медиуми како најава за документарецот со јавноста сподели неколку интересни детали од почетокот на неговата кариера кои досега беа непознати.

„Момците правеа разни работи кои претходно во животот ги немав видено. Се сеќавам на една претсезона бевме на подготовки и во хотелот не можев да ги најдам соиграчите. Тропам на врата од една од собите и слушам како некој ми говори да бидам тивок. Влегов во собата, а тие прокоментираа само „добро е тоа е само новајлијата“. Внатре беше целиот тим. Линии кокаин низ цела соба, многу чад од марихуана и голи жени. Кога го видов тоа изреагирав „Човеку излегувам, ова не е за мене“. Само размислував на тоа што би се случило доколку полиција влезе во собата и изврши рација“, изјави Џордан. 

Премиерата на документарниот серијал кој е во продукција на „ЕСПН“ е на 19. април.

Се вчитува...