Истанбул „извисува“ – финалето на ЛШ се сели во Англија?

Пласманот на Манчестер Сити и Челси во финалето на Лигата на Шампионите може да биде поттик за промена на домаќинот на овогодишниот спектакл во најсилното фудбалско натпреварување.

Имено, со оглед на ситуацијата со коронавирусот во Турција, рестиркциите на тамошната Влада и тоа што оваа држава се наоѓа на листата на високоризични држави за патување за Британците, логичен потег би било преместување на финалето во англиската престолнина.

Како можни дестинации се наведуваат Вембли каде што се одржи финалето во 2013 година помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, и Кардиф кој беше домаќин на Реал Мадрид и Јувентус во 2017 година.

 

Се вчитува...