Истанбул ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2020

Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул ќе ги пречека финалистите во фудбалската Лига на шамионите во 2020 година. Оваа одлука попладнево ја соопшти УЕФА по состанокот на Извршниот комитет во Киев.

Стадионот „Ататурк“ има капацитет од 76.000 седишта и беше домаќин на неверојатниот камбек на Ливерпул по негативата од 0-3 против Милан и триумфот на „црвените“ по изведувањето пенали. Во битката за организација на финалето, „Ататурк“ го победи „Луж“, стадионот во Лисабон на кој Реал Мадрид славеше над Атлетико Мадрид со 4-1 во финалето во 2014 година.

Во 2020 година финалето во Лигата на Европа ќе биде во Гдањск во Полска, а Суперкупот на УЕФА ќе се одржи на стадионот „Драгао“ во Португалија.

 

 

 

 

Се вчитува...