Истанбул повторно ќе гори: Галатасарај тргнува по Тер Штеген и Чалханоглу

После потписот на Лерој Сане, Галатасарај не планира тука да застане. Сега сака уште две големи имиња во своите редови, се со цел да дојде и до меѓународен успех идната сезона.

Тимот од Истанбул планира во следните денови да потпише со голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, и со играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу.

Тер Штеген е на излезна врата од Барселона, откако најверојатно нема да сметаат на него во иднина после тешката повреда минатата сезона, и ангажманот на нов голман од Еспањол, Гарсија. Интер, пак, сака да ја подмлади екипата, затоа се подготвени да ги чујат понудите од сите заинтересирани за Чалханоглу, и според информациите тие ќе се согласат да го продадат за сума од околу 35 милиони евра.

Се вчитува...