Играчите ги одработија последните тактички варијанти пред дуелот со Фенербахче во кој Вардар влегува со предност од 2-0 стекната на првиот натпревар во Скопје.
Сите кои што се дел од Вардаровата експедиција го одработија тренингот, а на утрешниот натпревар стручниот штаб нема да смета на капитенот Бобан Грнчаров кој ќе мора да паузира поради суспензија. Јасно е дека „Шукру Сарачоглу“ не е неосвоива тврдина. Тоа „вардарци“ вечерва го почуствуваа, а утре на терен ќе мора да го потврдат, за радост на комплетната македонска јавност!
Натпреварот меѓу Фенербахче и Вардар утре на „Шукру Сарачоглу“ почнува од 19:30 часот. Љубителите на фудбалот од Македонија ќе може во живо да го следат низ директен пренос на ТВ Нова.
ФОТО: www.fkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА