Истече договорот на Цветаноски со Шкупи, прва опција е странство

Матеј Цветаноски нема повеќе обврски со тимот на Шкупи. Истече неговиот договор со чаирскиот тим, па можно е во пролетниот дел од сезоната да не биде дел од лидерот на табелата.

На адреса на Цветаноски има неколку понуди претежно од странство. Пред неколку недели имаше информација за интерес од Левски Софија. Меѓутоа и Шкупи преговара со него за продолжување на договорот, па ако двете страни најдат решение, можно е Цветаноски да остане на Чаир барем до крајот на сезоната.

Цветаноски во минатото беше дел и од Вардар, Пелистер и Македонија ЃП. Важи за еден од подобрите крилни фудбалери во земјава, и еден од заслужните за есенската круна на Шкупи. Сезонава во Првата лига одигра 14 меча и постигна пет голови, а покрај тоа запиша и пет асистенции.

Се вчитува...