Матијас Гидсел неколку години наназад е убедливо најдобар ракометар во светот, Данецот освојува трофеи во клупскиот и во репрезентативниот дрес, а во меѓувреме испиша историја и со – најбогатиот спонзорски договор потпишан во историјата на ракометот.
Компанијата за спортска опрема „Пума“ објави дека потпишала нов договор со данската суперѕвезда, и тоа доживотен договор со Гидсел кој во најмала рака ќе ја надмине сумата од три милиони евра.
Повеќе детали не се откриваат, но Гидсел покрај фиксните суми што ќе ги добива годишно, ќе има и процент од продажбите на патиките од неговата специјализирана линија во „Пума“, чија промоција е најавена за неколку месеци.
Гидсел дефинитивно ги поместува границите во модерниот ракомет, на теренот, но и надвор од него…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
