На дуелот меѓу Милан и Фиорентина би можела да биде испишана историја, доколку на теренот се појави 15-годишниот Франческо Камарда, суперталентираниот голгетер кој ги урна сите рекорди во најмладите категории на италијанскиот фудбал (485 гола на 89 средби во својата возрасна категорија).
Стефано Пиоли се соочува со огромен проблем за мечот со Фиорентина, Леао и Окафор се повредени, додека Жиру ќе го пропушти натпреварот поради суспензија. Се очекува стартер да биде Лука Јовиќ, кој се наоѓа во катастрофална форма, а шанса од клупата ќе очекува Камарда.
За настап на лица помлади од 16 години во Серија А е потребна специјална дозвола од федерацијата, но „росонерите“ ја добија таа потврда во текот на вчерашниот ден, па нема никаква пречка Камарда, кој ќе наполни 16 години во март 2024, да се појави во тимот за дуелот со „виолетовите“.
Ова 15-годишно момче настапува во У-19 лигата во Италија, при што досега има постигнато седум гола и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА