Историја во Леверкузен: Илјадници фанови слават на теренот, бурно и во соблекуваланта (ВИДЕО)

Баер Леверкузен е сензационалниот освојувач на Бундеслигата и тоа на пет кола пред крајот на шампионатот. „Фармацевтите“ одиграа речиси перфектна сезона во која се уште не знаат за пораз, а по денешната убедлива победа од 5-0 против Вердер Бремен и офицјално за прв пат во 119-годишната историја се израдуваа на трофејот.

Титулата не можеше да дојде во подобар момент и на подобар начин, со „петарда“ пред преполниот домашен стадион со каде што фановите нетрпеливо не успеаја ни да го дочекаат крајот пред да влетаат на теренот.

По прославата на теренот следеше и бурно славје во соблекувалната на Баер Леверкузен, а сосема сигурно славјето нема да запре целата вечер.

 

Се вчитува...