Историја: Жена судија за прв пат во Лигата на Шампиони

Натпреварот помеѓу Јувентус и Динамо Киев кој ќе се игра утре во Торино ќе биде запишан во историјата по тоа што Стефани Фрапар ќе стане првата женска судијка на натпревар во Лигата на Шампиони.

36-годишната Французинка има долго искуство со судење во машки фудбал. Таа беше главен судија на дуелот помеѓу Ливерпул и Челси во рамките на Суперкупот во 2019 година, а претходно во 2014 година испиша историја во францускиот фудбал откако постана првата жена која судела во второто по ранкгнатпреварување во оваа држава, а година подоцна делеше правда и на натпревар во Лига 1.

Сепак Фрапар нема да биде првата жена судијка во европските натпреварувања. Овој епитет и припаѓа на Никол Петиња, Швајцарката која во периодот помеѓу 2004 и 2009 година ја делеше правдата на три натпревари во рамките на квалификациите за тогашниот Куп УЕФА.

Се вчитува...