Историјата се повторува: Меси ќе ја освои Лигата на шампиони!?

Лионел Меси својата прва титула во Лигата на шампиони ја освои во сезоната 2005/2006 година во дресот на Барселона. Тогаш Аргентинецот беше многу млад и немаше голем удел во искачувањето кон европскиот трон.

Интересно е тоа што Меси таа сезона го носеше бројот 30 на дресот исто како и сега во ПСЖ. Финалето во 2006 година во кое Барселона славеше со 2-1 против Арсенал се одигра на „Стед де Франс“ во Париз.

УЕФА оваа сезона го премести финалето од Санкт Петербург во Париз на „Стад де Франс“. Дали ова е предзнак дека Меси повторно ќе стане шампион на Европа и ќе му ја донесе првата титула на ПСЖ во ова натпреварување останува да видиме.

Работите ќе бидат појасни по реваншот со Реал Мадрид во осминафиналето. На првиот натпревар во Париз домаќините славеа со 1-0 благодарение на голот на Килијан Мбапе.

 

 

 

Се вчитува...