Кошаркарите на Денвер Нагетс го вратија водството во финалната серија во НБА лигата (2-1) откако синоќа направија брејк на гостувањетот кај Мајами Хит со 94-109.
Брутална партија имаше неверојатниот Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, учинок со кој стана првиот кошаркар на кого во финална серија му успеало да има повеќе од 30 поени, 20 скока и 10 асистенции. Одличен во таборот на Нагетс беше и Џамал Мареј, кој исто така запиша трипл-дабл со 34 поени, 10 асистенции и 10 скока.
Кај поразените, Џими Батлер уфрли 28 поени, додека Бем Адебајо заврши со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА