Историска победа за ФМП Академија во БИБЛ

Македонскиот кошаркарски прволигаш ФМП Академија стигна до историска прва победа во балканската БИБЛ лига, откако вечерва славеше на гостувањето кај Левски Софија со 81-84.

Клучна во мечот беше третата четвртина во која тимот од Кисела Вода успеа да се врати од негатива од 15 поени и пред последните десет минути да влезе во егал (61-61). До крајот избраниците на Александар Петровиќ одиграа подобро од противникот и успеаја да стигнат до премиерниот триумф во ова натпреварување.

 

Се вчитува...