Шпанскиот гигант Барселона освен што ја освои титулата во Ла Лига во сезоната 2025/26, оствари историски финанскиски приходи и за првпат ја надмина границата од милијарда евра.
Овие бројки и официјално ќе бидат објавени на виртуелното редовно годишно собрание кое ќе се одржи на 19 септември.
Рекордните приходи се показател дека Барселона излегува од големата финансиска криза која ја предизвика претходниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.
Ова ќе биде трета сезона по ред Барселона да заврши со позитивни финансиски резултати, и за управата на каталоскиот тим ова голем исчекор кон главната цел на актуелниот претседател Жоан Лапорта – целосна финансиска стабилност.
„Состанокот е одржан поради претставување на годишниот финансиски извештај за сезоната 25/26 кој покажува позитивни резултати веќе трета година по ред со што е исполнета целта за финансиска стабилност во сезоната која ја одбележаа оперативни и градежни предизвици“; стои со соопштението на Барселона.
Интересно е што Барселона до историските приходи дојде иако се уште се реновира стадионот „Камп Ноу“. Во првиот дел од минатата сезона, Барселона играше на стадионите „Јохан Кројф“ и на Олимпискиот стадион додека траеше обновата на „Камп Ноу“. Ниту по враќањето на „Камп Ноу“ ситуацијата не беше идеална бидејќи капацитетот беше ограничен на 42.000 гледачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
