Историско деби за Вембањама… Никој до вакво постигнување во НБА плеј-офот (ВИДЕО)

Виктор Вембањама е херојот на вечерта во НБА лигата откако одигра натпревар за историјата на најсилната лига во своето деби во плејофот за победа на Сан Антонио против Портланд од 111-98.

Освојувачот на наградата „Руки на годината“ за 2024 година мораше да чека уште две години за своето деби во плејофот, но и тоа како се истакна во своето прво појавување во плејофот.

За нешто помалку од 33 минути, тој постигна 35 поени со 13/21 шут од поле, а шутираше и 5/6 за три поени. Додаде плус пет скока и две блокади.

„Дебито на Вемби во плејофот е историја. Тој постави рекорд на Спарс за најмногу поени во своето прво појавување во плејофот и стана единствениот играч во историјата на НБА кој имаше 35 поени и пет тројки во своето деби во плејофот!“ – се поклони и НБА пред големиот Вембањама.

Покрај тоа, со 35 поени, Вемби стана центарот кој постигна најмногу поени во дебито во плејофот, по Карим Абдул-Џабар во 1970 година.

НБА додава дека достигнувањата на Вемби не завршуваат тука.

„Со 21 поен во првото полувреме, тој постави рекорд на НБА за најмногу поени во првото полувреме од дебито во плејофот на НБА во историјата“.

Се вчитува...