Историско Европско првенство: Шампионатот во Норвешка и Данска „комплетно женски“

Европското првенство за ракометарки кое ќе се одржува во декември годинава во Норвешка и во Данска во буквална смисла ќе биде комплетно женско. Ова ќе биде првиот шампионат во историјата на ракометот на кој ќе судат само женски судијки. ЕХФ ја објави листата на десетте номинирани двојки кои ќе ја делат правдата на првенството од 3. до 20. декември.

Три од овие двојки ќе бидат делегирани во Трондхајм каде ќе бидат одиграни средби и од прелиминарната и од главната фаза и финалниот викенд. По три двојки се делегирани за Фридриксхафен и за Хернинг. На списокот има двојки од Австрија, БиХ, Данска, Франција, Грција, Црна Гора, Португалија, Романија, Русија и од Србија.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...