Исцрпениот Ѓоковиќ со многу мака до осминафинале во Синсинати

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Синсината откако по пресврт славеше против Адријано Манарино од Франција.

По повеќе од два часа игра Ѓоковиќ славеше со 4-6,6-2,6-1. Новак и тоа како се мачеше на мечот, посебно во првиот и до средината на вториот сет кога во еден момент побара и медицинска тајм-аут. Изгледаше сериозно исцрпено и уморно, но тоа не го спречи да дојде до пресврт победа потоа.

Во осминафиналето српскиот тенисер ќе игра против подобриот од мечот меѓу Миша Зверев и Григор Димитров кој се игра во текот на ноќва.

Се вчитува...