‘It’s coming Rome though, is it not?’ – Цела Англија слави за победата на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија го шокираше светот откако синоќа ја совлада Италија на „Ренцо Барбера“ со 0-1 во првиот полуфинален меч во баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Покрај Македонците кои секаде во светот ја прославија големата победа, се славеше и во Англија каде навивачите конечно дочекаа да им вратат на Италијанците за поразот на ЕВРО 2020.

‘It’s coming Rome though, is it not?’, се дел од насловите на британските медиуми.

Се вчитува...