Алиоски во изолација: Јас не сум по книгите, играм плејстејшн…

Тешко им е на спортистите навикнати на пеколен ритам од тренинзи и натпревари да се навикнат на новиот режим на изолација. Еден од нив е и Џани Алоиски, темпераментниот македонски репрезентативец кој се уште е во Лидс, чекајќи разврска кога ќе може да се стартува со тренинзи, а потоа и да се продолжи сезоната.

„Не е нималку лесно, но на сите ни е јасно, мораме да останеме дома за ситуацијата да може да се стабилизира. Секогаш се наоѓа нешто да се прави кога си дома, некои луѓе сакаат да читаат книги, но јас не сум по такви работи. Времето го минувам играјќи на плејстејшн и гледајќи филмови на Нетфликс“, открива Алиоски во интервјуто за клупската веб-страница на Лидс.

Македонскиот репрезентативец беше прашан и за најдобриот соиграч со кој има настапувано, а одговорот е – Горан Пандев.

„Во Лидс тоа е Пабло Хернандез, но севкупно гледано тука се и Пандев, Барди и Елмас, со кои соработувам одлично во репрезентацијата. Некои луѓе се забораваат, но играч како Пандев, кој го кренал пехарот во ЛШ и освоил се што може да се освои, тој секогаш е во преден план“, вели Алиоски.

 

Тој открива и кој му е омилениот фудбалски клуб, идол на почетокот од кариерата, како и најтешкиот ривал против кого играл?

„Од дете сум навивал само за Реал Мадрид, тоа е тимот и на мојот фудбалски идол – Роберто Карлос. Играв лев бек, на иста позиција како него, ме воодушевуваше со брзината и со одличниот шут. За Реал игра и Серхио Рамос, најтешкиот ривал со кого се имам сретнато“, открива македонскиот интернационалец во редовите на Лидс.

 

Се вчитува...