Италија без асот на Јуве на мегдан со Македонија

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети се соочува со проблеми со составот во пресрет на дуелот со Македонија, откако од комбинација за настап отпадна фудбалерот за врска на Јувентус, Мануел Локатели.

Овој играч се пожалил на повреда уште пред доаѓањето, а по прегледите извршени во тренинг-кампот му било дозволено да се врати назад во Торино и да ја почне рехабилитациската програма.

„Секогаш има проблеми, тоа веќе е нормална работа. Удоги е играч што го почитувам, но не е на списокот затоа што е повреден. Локатели дојде и си замина, му дозволивме да се врати во клубот. На повреди се жалат и Кристанте и Камбијасо, за кои подоцна ќе биде донесена одлука“, изјави италијанскиот селектор.

Ваквите проблеми најверојатно ќе значат и старт од првата минута за Жоргињо, откако асот на Арсенал беше повикан од Спалети за овој квалификациски циклус, што е негов камбек во националниот тим.

„Жоргињо настрада на последниот меч, има конци на главата. Треба да сме внимателни со него, но потребни ни се неговите нозе и искуството на натпревари на кои треба да славиме“, прокоментира Лучијано Спалети.

Се вчитува...