Италија без двајца клучни играчи против Македонија

Новиот италијански селектор Лучијано Спалети мораше во последен момент да го менува планираниот состав за утрешниот квалификациски натпревар против Македонија во Скопје.

И покрај тоа што беше планиран за левата офанзивна позиција, ѕвездата на Јувентус Федерико Киеза денеска се пожалил на повреда на последниот тренинг пред патувањето за Скопје. Тој и дефинитивно нема да патува со селекцијата, исто како и Лоренцо Пелегрини, кој исто така се претпоставуваше дека ќе стартува за селекцијата на Италија.

Двајцата нема да отпатуваат со екипата во Скопје, кое е планирано за попладнево.

Се вчитува...