Италија ги олабави ковид мерките македонските навивачи ќе може да одат во Палермо

Италија од денеска па се до 31. март ги тргна сите ограничувања за влез во земјата, информираа од Амбасадата на Италија во Македонија. Тоа значи дека фудбалската репрезентација ќе може да ја има поддршката на навивачите во Палермо на историскиот меч во баражот за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.

Како што се наведува во соопштението, во Италија ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид сертификат, добие по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Во Италија ќе може да се влезе и со прикажување на негативен молекуларен или антигенски тест, а ослободени се децата на возраст под шест години.

Историскиот натпревар на фудбалската репрезентација против Италија кој ќе се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе се игра на 24. март со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...