Италија го освои третото место во Лигата на нации (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Италија го освои третото место во второто издание во Лигата на нации откако во малото финале славеше над Белгија со 2-1. По првото полувреме кое помина без голови, „аѕурите“ во вторите 45. минути го решија мечот.

Прво Николо Барела со маестрален погодок во 46. минута донесе водство од 1-0. На 2-0 зголеми Берарди во 65. минута од пенал. До крајот Белгијците преку Де Кетелар успеаја само да го ублажат поразот.

За потсетување финалниот меч во кој ќе се сретнат Франција и Шпанија ќе се игра вечерва од 20.45 часот на „Сан сиро“ во Милано.

 

Се вчитува...