„Италија има голема предност во баражот за СП, Елмас нема да бидел дел од тимот на Македонија“!

Македонија ја доби Италија за противник во полуфиналниот бараж, а на Апенините се свесни дека нашата селекција не треба да биде однапред отпишана.

Првата пречка на Италија за пласман во финале е Македонија, а скоро да нема медиум на „Чизмата“ кој не посочува дека фудбалерите на Боби Милевски можеби се аутсајдер само на хартија, но во реалност и не е баш така.

Сепак, италијанските медиуми потенцираат дека нивните фудбалери треба да гледаат предност во отсуството на Елиф Елмас, еден од најдобрите играчи на „црвено-жолтите“.

„Македонија не е непобедлив тим, ама не е ни тим со кој лесно се игра, а Германија тоа добро го почувастува. Ѕвезда на тимот е Елиф Елмас, наследникот на Горан Пандев, квалитетен играч за врска кој несомнено е најдобар македонски фудбалер. Па, добра вест за Италија е што Елиф нема да игра против ‘аѕурите’, зашто седумката на Наполи е суспендирана за жолти картони и ќе го прескокне полуфиналето. Младиот фудбалер од генерацијата 1999 доби жолт картон за суспензија на последниот меч со Исланд на кој даде два гола“, пишуваат медиумите од Италија.

Се вчитува...