Италија истражува 62 трансфери на клубовите, 42 се однесуваат на Јувентус

Обвинителството на Италијанската фудбалска федерација, ќе испита 62 трансфери направени во периодот од 2019 до 2021 година.

Според „Скај Италија“, повикувајќи се на „Ла Република“, Комисијата за надзор на фудбалските клубови испратила извештај до обвинителот на федерацијата Џузепе Чине и шефот на федерацијата Габриеле Гравина.

Комисијата смета дека во овие 62 трансфери, вредноста на играчите била проценета за повисока од реалната без објективна причина.

Повеќето од сомнителните трансакции се однесуваат за Јувентус. Дури 42 трансфери ќе се испитуваат за најтрофејниот италијански клуб. 21 играч беа купени за 90 милиони евра. Пример е трансферот на Марли Аке за 8 милиони евра. За истата сума од Јувентус во Марсеј се пресели Франко Тоња. Тоња сега игра во Марсеј, додека Аке игра во Серија Ц.

Околу Наполи, се испитува трансферот на Виктор Осимен. Како дал од зделката, Лил наводно добил четири играчи на Наполи за 20 милиони евра. Двајца играат во Серија Д, еден во Серија Ц, и уште во Лил, но и тој не игра.

Се вчитува...