Италија ја посрамоти Хрватска среде Загреб

Кошаркарската репрезентација на Хрватска го доживеа вториот пораз во квалификациите за СП, овој пат од Италија со 64-80 среде Загреб.

По поразот од Холандија, лекција на момците на Ивица Скелин сега им одржа Италија која по мирниот почеток на дуелот комплетно доминираше од вториот период па до крајот на мечот.

Шутот на Италијанците ги служеше извонредно, одбраната изгледаше одлично, за на крајот сосема заслужена победа од 16 поени разлика. Амадео Дела Вале беше незадржлив на мечот постигнувајќи 25 поени, додека во домашната селекција Дарко Планиниќ запиша 20 поени.

На Хрватска до крајот и претстои тешка борба за пласман понатаму, но како стојат нештата нема да биде чудо ако не продолжат во натамошниот дел од квалификациите.

Се вчитува...