Италија – Македонија ќе се игра во Рим

Италијанската Фудбалска Федерација го избра Рим за град-домаќин на претстојниот квалификациски меч за ЕП 2024 што „аѕурите“ во месец ноември ќе го играат против Македонија.

Станува збор за меч закажан за 17 ноември, а од неколкуте опции Италијанците го избраа токму „Олимпико“ за свој дом за овој дуел, откако Палермо се покажа како малерозна варијанта кога Италија загуби од Македонија во баражот за пласман на СП.

Претходно, овие две репрезентации ќе одиграат уште еден дуел, на 9 септември на кој домаќин ќе биде нашиот национален состав.

Се вчитува...