Италија победник, Германија „среќен губитник“, и двете во полуфинале на ЕП

Младата фудбалска репрезентација на Италија до 21 година ја совлада Германија со 1-0 и го освои првото место во групата Ц на ЕП во Полска. Но, и Германците задоволни го напуштија дуелот во Краков, со оглед дека како најдобро второпласирана селекција од трите групи, исто така одат во полуфиналето, заедно со Шпанија и со Англија. Така, во полуфиналните пресметки ќе играат Англија – Германија и Шпанија – Италија.

1-0 Federico Bernardeschi Goal HD – Italy U21… by wc2018

Федерико Бернардески во 31.минута го постигна победничкиот гол за „аѕурите“ на оваа пресметка, која на крајот заврши и со калкулантски однос од двете селекции.

Чешка загуби со 2-4 од Данска, иако имаше можност со убедлив триумф можеби и да размислува за пласман меѓу четирите најдобри репрезентации.

Се вчитува...